Почина напаѓачот на полицајците од аеродромот во Њу Орлеанс

Доцна синоќа Ричард Вајт, кој вчера доби три прострелни рани од полицијата откако го нападна обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Орлеанс, им подлегнал на повредите во болница.

Во торбата на 63-годишниот Вајт се пронајдени и шест Молотови коктели. Мотивите за нападот засега се непознати.

Вајт, како што пренесуваат американските медиуми имал нарушено психичко здравје. Порано работел како таксист и неколку пати бил уапсен поради поситни сообраќајни прекршоци.

Ричард Вајт вчера на меѓународниот аеродром во Њу Орленас со спреј испрска припадници на обезбедувањето и патници, чекајќи во редот за проверка во безбедносната зона, а потоа почнал да мафта со мачета и тргнал да повреди припадничка на Агенцијата за безбедност во транспортот (АСТ). Тој е прострелан од полицајката што ја нападнал со три куршума и веднаш бил префрлен во болница, каде е опериран.