Почина Никола Симиќ

Познатиот актер Никола Симиќ почина денес околу 18. 00 часот во Белград на 80 – годишна возраст.

Никола Симиќ беше тетарски, телевизиски и филмски актер, а роден е на 18-ти мај во 1934 година во Белград.

За време на средното образование глумел во драмската секција, а подоцна дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Брлград.

Симиќ се прослави со улогата во филмскиот серијал „Тесна кожа“, а ќе остане запаметен по улогите во телевизиските серии: „Среќни луѓе“ , „Семејно богатство“, „Агенција за СИС“, „Љубов, навика, паника“.

Од 1971- ва година игра во претставата „Болва во уво“ со која на 7-ми јуни 2011 го прослави јубилејот од 40 години игра.