Почина новинарот Васко Мицковски

По повеќемесечно боледување почина македонскиот новинар Васко Мицковски. Тој ја загуби битката со ракот.

Mицковски беше еден од основачите на дневниот весник „Утрински весник“. Во својата долгогодишна кариера беше уредник во Македонската телевизија и во неделникот „Глобус“.