Почина пациент на Инфективно заболен од ебола?!

Прв сомнителен случај на заболен од ебола во Македонија, објави  ТВ „Алфа“.

Телевизијата дознава дека пациент странец кој најверојатно потекнува од Велика Британија е првиот сомнителен случај.

Тој бил примен на инфективната клиника со симтоми на ова опасно заболување. Кога бил примен, пациентот бил неконтактибилен и по некое време починал.

Засега нема информации од каде допатувал. Македонските власти ги преземаат сите заштитни протоколи предвидени за ваков случај согласно светските стандарди. Властите веднаш ќе ја информираат Светската здравствена организација.

Присуството на болеста се’ уште не е потврдено. Сепак , симптомите биле многу слични.