Македонија,Крими хроника

Почина писателот Милутин Бебекоски

Почина писателот Милутин Бебекоски

Во родното село Вевчани денеска, по долго боледување, почина писателот Милутин Бебекоски.

Бебекоски е роден во 1941 година. Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од  1973 година.

Како поет и писател за деца Милутин Бебекоски остави богат опус со вредности кои се вградени во развојните процеси на современата македонската литература. Автор е на десетина поетски книги, меѓу кои „Нишалки под виножитото“, „Ѕвездена труба“, „Копче од ѕвезда“, „Воденици“ и „Дреноцут“.

За своето творештво е добитник  на наградата на РТВ Скопје.

Милутин Бебекоски ќе бидe погребан утре во 14 часот на гробиштата во Вевчани.