Почина полицајката која утрово беше застрелана во Париз

Почина полицајката која изутринава заедно со општински службеник беше застрелана на југот на Париз, јавија повеќе француски медиуми.

Градоначалникот на Монтруж за радиот Европа 1 изјави дека полицајката и техничкото лице кое исто така е рането во престрелката, интервенирале при сообраќајна несреќа, во моментот на нападот.

– Еден автомобил запре, и започна да стрела. Едно техничко лице скокна врз напаѓачот или напаѓачите, изјави Жан-Лу Метон.

Засега не се поврзува овај напад со вчерашниот врз неделникот Шарли Ебдо, извршителот на нападот е во бегство.