Почина поранешниот гитарист на „Парни ваљак“

Музичарот и поранешниот гитарист на Парни Ваљак, Растко Милошев-Рас почина во 54-тата година од животот.

Електрична гитара почнал да свири на 15 години, а со неполни 18 станал член на култната група парни Ваљак. Со нив работел полни пет години, на дури шест албуми.

Кога заминал од Парни Ваљак станува студиски музичар и свој печат остава на бројни албуми снимени во текот на осумдесеттите, како гитарист, автор, аранжер, и продуцент. Негови соработници беа Тереза Кесовија, Дино Дворник, Оливер Мандиќ, Калиопи, Јасмин Ставрос, Дино Мерлин, Плави Оркестар, Хаустор, Патроле…

На крајот на осумдесеттите ја оформи својата група Рас 2ва 3ри, а потоа стана автор на музика за телевизија и филм. Последниот албум го објави во 2011 година.

Извор: Вистина.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.