Свет

Почина поранешниот израелски премиер Ариел Шарон

Почина поранешниот израелски премиер Ариел Шарон

Поранешниот израелски премиер Ариел Шарон почина во Медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер, кај Тел Авив, неколку дена откако здравствената состојба му беше сериозно влошена.

Шарон, кој следниот месец ќе наполнеше 86 година, беше во кома веќе осум години.

Неговото семејство било крај него во последните моменти. Синовите на Шарон, Гилад и Умри се менувале покрај неговата постела уште од први јануари.

Шарон беше во кома од јануари 2006 година кога преживеа мозочен удар.

Неколку месеци пред да се разболе Шарон ја повлече израелската војска и ги евакуираше еврејските населеници од појасот Газа во летото 2005 година. Тоа беше шокантен пресврт за лидерот кој долго заговараше населување на окупираните територии. Освен по политичката кариера Израел ќе го помети и како голем воен лидер кој се борел во четири израелски војни.