Почина поранешниот младински репрезентативец Александар Којчевски

Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика веста за ненадејната смрт поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски кој почина синоќа на свои само 22 години, јавува спортскиот портал ЕКИПА.

– Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони. Веста за прераната смрт на Којчевски предизвика голема тага и силна болка кај сите нас. Загубата е ненадоместлива, пишува Екипа.

Погребот ќе се одржи денеска (16 октомври) на гробиштата Драчево со почеток во 12 часот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.