Почина поранешниот врховен судија Александар Бошњаковски

Пензионираниот врховен судија Александар Бошњаковски почина во Скопје, шест месеци откако заврши судскиот процес за грабнувањето на неговата шестгодишна внука Александра, пренесува „Утрински весник“.

Врховниот судија Бошњаковски, кој имаше над 40 години правосудно искуство, неговиот син и сопругата во септември минатата година беа прогласени за виновни за грабнувањето на шестгодишното девојче и осудени на една година затвор која беше заменета со четиригодишна условна казна.

Случајот со „исчезната“ Александра Бошњаковска со месеци ја брануваше јавноста, откако нејзината мајка пријавила дека девојчето е киднапирано.

Детето беше пронајдено во такси-возило во близина на Маврови Анови. Поранешниот судија Бошњаковски тврдеше дека се’ што сторил, сторил од љубов кон својата внука и оти жали што го вовлекол во тоа и семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.