Почина последниот член од екипажот кој ја фрли атомската бомба во Хирошима

Последниот член на екипажот на авионот Б-29, од кој е фрлена атомската бомба над јапонскиот град Хирошима, почина на 93-годишна возраст.

Теодор Ванкирк, познат како Дач, почина вчера во местото Стоун Маунтин во Џорџија. Тој бил навигатор на авионот „Енола Геј“ од кого на 6 август 1945 година за првпат во историјата е фрлена атомска бомба.

Цел на бомбата бил јапонскиот град Хирошима. Во експлозијата на бомбата „Литл Бој“ загинаа 140.000 Јапонци. Три дена подоцна во јапонскиот град Нагасаки е фрлена и втората атомска бомба.