Почина потпретседателката на бугарскиот Парламент, Росица Јанакиева

Потпретседателот на бугарскиот Парламент и пратеник од Перник, Росица Јанакиева синоќа почина, јави БТА, пренесува МИА.

Таа е родена на 7 јули 1954 година во Перник. Дипломирала хемија на униврзитетот „Свети Климент Охридски“. Почнала да работи како технолог во фабриката „Пектин“ и била директор на окружниот младински дом и експерт за енергетика во пернишката „Топлификација“.

Од 1995 до 2005 година таа беше градоначалник на најголемата пернишка општина Исток, а во два мандати беше и градоначалник на Перник.

Јанакива беше пратеник во 40. Народно собрание од редовите на Бугарската социјалистичка партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.