Почина познатата српска актерка Ружица Сокиќ

По долго и тешко боледување, почина познатата српска актерка Ружица Сокиќ (79). Таа во 10.30 часот почина на одделението за неврохирургија во Клиничкиот центар во Србија.

Сокиќ глумеше во околу 40 филмови, а најголемите успеси ги постигна со филмовите „Кад будем мртав и бео“, и „Жута“ за која што улога во Пула е наградена со „Златна арена“.

За своите филмски и театарски улоги доби бројни награди и признанија меѓу кои и „Добрични прстен“, а во 2010 ја објави книгата со своите мемоари „Страст за летање“.

Таа ќе остане запаметена како една од највпечатливите актерки во улога на Живка министерка во претставата на Бранслав Нушиќ, „Госпоѓа Министерка“.

Со глумата се занимаваше уште од своето детство, а на сцена, го одземаше здивот на публиката.