Почина претседателот на Одборот на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

На 23 ноември, 2014 година ненадејно почина претседателот на Одборот на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, Оливер Костуранов.

Костуранов ја вршеше функцијата Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком од мај 2010 година и беше максимално посветен на оваа позиција која ја извршуваше со голем ентузијазам.

„Оливер Костуранов ќе го паметиме како голем човек кој ја заслужува нашата најдлабока почит и врвен професионалец кој даде огромен придонес во унапредувањето на компанијата и нејзините вработени“,  стои во соопштението што денеска Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија го упатија во јавноста.

Оттаму велат дека прераната смрт на Костуранов претставува голема загуба за Македонски Телеком и Т-Мобиле, како и Magyar Telekom и Deutsche Telekom групациите.