Почина работник, бил затрупан од одрон на земјата

Попладнево почина работник откако бил затрупан од одрон.

Според првичните информации во скопско Батинци при вршење ископ на земја со багер работникот бил затрупан од одрон на земјата.

Неговата смрт била констатирана во 15:50 часот од лекар на итната медицинска помош.

Од полицијата информираат дека на местото на несреќата ќе биде извршен увид.