Крими хроника

Почина скопјанец во тешка сообраќајка на патот Стајковци – Црешево

Почина скопјанец во тешка сообраќајка на патот Стајковци – Црешево

Четириесет и едногодишниот Александар Ц. од Скопје загина во сообраќајна несреќа, на локалниот  пат Стајковци – Црешево.

Според полициски информации несреќата се случила околу 2 часот.
Александар Ц. со својот „опел“ излетал во нива по што возилото се превртело. Од здобиените повреди, Александар веднаш починал.