Почина сопругата на Рио Фердинанд

Сопругата на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, Рио Фердинад починала од рак.

Оваа информација ја потврди 37-годишниот одбранбен фудбалер кој во соопштението упатено до јавноста обелодени дека неговата „прекрасна жена и сродна душа“ Ребека Елисон, починала мирно во болница во Лондон.

Сопругата на Фердинанд со кого беше во брак од 2009-та година имала рак на белите дробови. Зад себе ги остави трите деца на возраст од 9, 6 и 4 години.

Во сооштението фудбалерот напишал дека Ребека починала во петокот вечерта.