Почина таткото на Борис Тадиќ

Академикот Љубомир Тадиќ починал доцна синоќа во Белград во 88-та година од животот, пишува српски „Танјуг“.

Академикот е татко на Борис Тадиќ, поранешен претседател на Србија.

Својата кариера, Љубомир Тадиќ, ја започнал во 1954 година како асистент на Правниот факултет во Сараево, а набрзо станал и вонреден професор. Во 1962-ра година, станал виш советник на Институтот за социјални науки во Белград.