Почина „таткото“ на „Нутела“

Мишел Фереро, „таткото“ на најпознатиот чоколаден крем „Нутелла“, кој му овозможи да стане најбогатиот човек во Италија, почина вчера на 89-годишна возраст во Монако, јави дописникот на МИА од Париз.

– Со голема тага ја промив веста за заминувањето на Мишел Фереро, вистински предприемач, познат и ценет во Италија и во странство, нашиша претседателот на Италија Серџио Матарела во соопштението за јавноста.

Мишел Фереро, кој од секогаш беше дискретен, боледувал од пред неколку месеци. Неговите посмрни останки ќе бидат изложени во Алба, градче на северозападот од Иатлија каде ја изгради својата „чоколадна“ империја.

Тој од својата татко слаткар го наследи малото претпријатие и рецептот на „суперкрем“ направен од лешници и какао, но го измени во 1964 година и го нарече „Нутела“ со цел да го извезува во цела Европа.

Успехот беше брз и групата на Фереро набрзина успеа да лансира други брендово на чоколада како: „Киндер“, „Фереро Роше“, „Мон Шери“…

Групацијата на Фереро денес вработува 22.000 работници низ целиот свет и има годишен промет од осум милијарди евра. Само „Нутелата“ во прометот учествува со 1,7 милијарди евра, Секоја година, 11 фабрики во светот произведуваат 365.000 тони од овој крем.

Во 2011 година Мишел Фереро, му го препушти  раководењето со компанијата на својот син Џовани, кој денес на возраст од 50 години, откако неговиот прв син Пјетро почина на 47-годишна возраст од срцев удар.

Според „Форбс“ имотот на семејството Фереро е проценет на 23,4 милијарди долари, со што тоа е најбогато во Италија и 30-то во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.