Почина тригодишно дете во Прилеп

Вчера околу 11,30 часот во с.Секирци, прилепско, во дворот од куќа дошло до несреќен случај во кој животот го загубило три годишно дете.

Имено, додека истиот играл во дворот, се доближил до приклучна земјоделска машина-прскалка, која паднала врз него и го поттиснала.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.