Балкан

Почина турскиот градоначалник кој беше застрелан

Почина турскиот градоначалник кој беше застрелан

Градоначалникот на округот Гурсу во Бурса, Џонет Јилдиз, кој минатата недела беше тешко повреден во вооружен напад денеска почина во болница.

Градоначалникот од турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) беше повреден во пределот на главата во својот кабинет на 20. мај од вработен во општинската полиција.

Нападот беше извршен на три недели пред парламентарните избори во Турција, кои ќе се одржат на 7 јуни.

Во изминатиот период тензиите во Турција пред изборите се зголемуваат. Во експлозии на 18 мај во два центри на прокурдската Демократска партија на народите беа повредени шест лица. Вчера веше извршен напад врз предизборен автобус на владејачката АКП во Батман, во Југоисточна Турција, без повредени, а денеска кандидатка за пратеник на опозициската Републиканска народна партија Елиф Доган Туркмен беше повредена во вооружен напад во Адана.