Магазин

Почина Влада Дивљан

Почина Влада Дивљан

Еден од великаните на југословенската музика Влада Дивљан (1958 – 2015) почина утрово во Виена по долга и тешка болест.

Влада Дивљан беше познат како предводник на вокално – инструменталниот состав Идоли.

Од 1985 почна со своја индивидуална кариера во поп -рок формат, а се занимаваше и со филмска музика. Од август 1991 до септември 1997 живееше во Сиднеј, а потоа се врати во Белград. Од јуни 1999 живееше и работеше во Виена.