Балкан

Почина Вук Бојовиќ, познат вајар и директор на ЗОО Белград

Почина Вук Бојовиќ, познат вајар и директор на ЗОО Белград

Вукосав Вук Бојовиќ долгогодишен директор на белградската Зоолошка градина и вајар почина утринава во 74 година во животот.

Последните 28 години беше на чело на белградската Зоолошка градина, која со неговата работа и заложување ја претвори во оаза со животинско царство со преку две илјади животни.

На функцијата директор на белградска зоолошка градина дојде 1 мај 1986, а на пошироката јавност и стана познат кон крајот на 80-те години, кога двапати од зоолошкта градина побегна шимпанзото Сами.

Во потерата по улиците и крововите низ Белград и убедување на шимпанзото Сами да се предаде, најголема улога имаше Бојовиќ.

Овој настан го искористи да го сврти вниманието на јавноста за состојбата во зоолошката градина и дека состојбата да се унапреди.