Почина Зоран Костадиновски, четвртообвинетиот во „Шпион“

Зоран Костадиновски, четврто обвинет во случајот „Шпион“ починал и бил погребан на гробиштата во Драчево, објави НОВА.

Костадиновски, кој беше вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање починал на 49 годишна возраст.

По три месеци зад решетки, поради крајно влошената здравствена состојба, притворот му бил заменет со куќен, а на претпоследното судење во случајот „Шпион“ поради крајно влошена здравствена состојба, судот одлучил да ја издвои постапката против него и да му суди во одвоена постапка.

Костадиновски како вработен во УБК бил задолжен за албанското прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.