Починала помагајќи му на сопругот кој паднал од трактор

Шеесет и осумгодишна жена од Неготино почина вчера откако се обидела да му помогне на својот сопруг кој имал несреќа додека го стартувал својот трактор.

Седумдесетгодишниот Л.А. од Неготино на улицата “Партизанска“ го стартувал тракторот со велешки регистарски ознаки, при што истиот бил во брзина, се придвижил и го турнал Л.А. Неговата сопруга Катерина А.(68) се обидела да му помогне, при што била зафатена од десното тркало на тракторот. Катерина А. била пренесена во ЗД-Неготино, од каде по укажаната помош била препратена за УЦ-Скопје, но на пат за Скопје истата им подлегнала на повредите. Л.А. се здобил со телесни повреди.