Македонија

Почна асфалтирање на новите коловозни ленти на бул. „Трета македонска бригада“

Почна асфалтирање на новите коловозни ленти на бул. „Трета македонска бригада“

Екипите на Градот Скопје почнаа со асфалтирање на новопробиените две коловозни ленти на булеварот Трета македонска бригада, на потегот од раскрсницата со булеварот Србија кон улицата „Фрањо Клуз“. Веќе е нанесен првиот носечки асфалтен слој, а асфалтирањето на новопроширената делница ќе продолжи и во наредните денови.

Градот Скопје очекува асфалтирањето на новите коловозни ленти на булеварот „Трета македонска бригада“ да заврши до крајот на наредната недела. Потоа, возилата ќе се пренасочат по новите две ленти, а ќе се продолжи со реконструкција на коловозот на постојните две сообраќајни ленти.

Од страната на двете постојни коловозни ленти деновиве се заменуваат старите и оштетени рабници и се формираат тротоарите.