Почна бербата на праски во росоманско

Започна бербата на праски во росоманско. Цената на првите сорти се движи од 20 до 60 денари за килограм. Најскапи се т.н. голи – „бинг бенг” и „спринг крес” кои се продаваат од 30 до 35 денари, „меј крес” се 30, а „спринг тајм” 20 денари, пренесува МИА.

– Цената е задоволителна. Со вакви цени производството е исплатливо. Се надевам дека задоволството од цените за годинашниот род ќе остане до крајот на сезоната за берба, изјави Горан Наумов, производител од росоманското село Трстеник, кој има дваесетина декари земјоделска површина посадена со праскови дрвца.

Засега родот се откупува од откупувачи од Скопје, а овоштарите очекуваат во шпицот на бербата вратите да ги отворат петнаесетината откупни пунктови кои откупуваат праски главно за извоз.

Според градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов,  континуираното отворање нови откупни пунктови со ладилници е доказ за исплатливоста на производството. Еден процент од светското производство на овој вид на овошје се произведува токму во Росоманско.