Почна детската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Денеска се отвори осматта по ред Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, во  организација на општина Карпош и Детскиот ликовен центар.
Освен ученици од десетте основни училишта на територија на општина Карпош, на манифестацијата присуствуваат и ученици и ментори од збратимените oпштини, и тоа од Србија, од БиХ, од Црна Гора и од Бугарија.

Оваа традиционална ликовна манифестација, која ќе трае три дена, има меѓудругото и цел да ги зближи учениците од соседните земји, со прошетка низ градот Скопје како и низ општина Карпош. Учениците-уметници, ќе имаат ликовно-творечка работа во галеријата на Детскиот ликовен центар, каде подоцна, љубителите на уметнички дела, ќе имаат можност да ги видат во изложбената галерија na Детскиот ликовен центар во Кинотеката на Македонија.

Во рамките на Детската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ , во наредните денови, ќе се доделуваат дипломи и признанија на учесниците од збратимените Општини како и на учениците од основните училишта во Карпош.