Почна изградбата на фекалниот колектор за Црешево

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денеска го означија почетокот на изградбата на примарниот фекален колектор за населеното место Црешево.

Новиот колектор ќе биде долг 1.400 метри, со прoфил на цевки од 50 милиметри и треба да биде завршен за околу три месеци.

2

– Овој проект е уште еден во низата проекти со кои директно придонесуваме за поздрава и почиста средина и за подобрување на условите во кои живеат жителите на Црешево, рече денеска градоначалникот Трајановски.

За изградба на новиот фекален колектор ќе бидат вложени околу седум милиони денари, од кои 3 милиони денари ќе одвои Градот Скопје, а 4 милиони денари ќе одвои Oпштината Гази Баба.

Според планот, втората фаза од овој проект ќе опфати изградба на пречистителна станица, која ќе ги пречистува отпадните води и ќе ги одведува до каналската мрежа.