Почна изградбата на ново повеќенаменско игралиште во Црквиште

Во ресенската населба Црквиште денеска почнаа градежните работи за повеќенаменското спортско игралиште кое е дел од проектот на Владата за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта.

Почетокот на градежните работи го означија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.

Директорот Спасески истакна дека трајна определба и заложба на Владата  е развој на спортот и спортската инфраструктура низ целата држава и создавање услови за спортување на сите граѓани.

Во рамките на работната посета на Ресен, Спасески заедно со градоначалникот Стрезовски и младите уметници од уметничката школа од Ресен го промовираа и проектот „Урбан ѕид” со кој естетски е облагородена надворешната ограда на градскиот фудбалски стадион.

– Трајна определба и заложба на Владата е развој на спортот и спортската инфраструктура низ целата држава и создавање услови за спортување на сите граѓани, истакна Спасески во Ресен.