Почна обештетувањето на штедачите на Тат

Повеќе од 6 илјади штедачи во наредните неколку дена ќе добијат по 1 отсто од своите признати штедни заштеди, кои ги изгубија по пропаѓањето на штедилницата и менувачницата ТАТ Битола, која банкротира во 1997 година, пишува Нова Македонија.

По продажбата на златото и златниот накит на Соња Никoловска, кој со правосилна судска пресуда  им беше доделен на штедачите, за нешто повеќе од 150.000 евра и со средствата од продажбата на хипотеките стечајниот управник на ТАТ, Душко Јанкуловски и стечајниот судски совет  донесоа одлука да им  исплатат на “татовци“ по 1 отсто од штедните влогови.

Иако ваквото обештетување е минимално, сепак ги израдува штедачите на ТАТ, а посебно штедачите со повисоки штедни влогови.

За обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари, а со ова обештетување ќе бидат опфатени над 6.000 штедачи.