Свет

Почна операција за вадење на опашката на авионот на „Ер Азија“

Почна операција за вадење на опашката на авионот на „Ер Азија“

Нуркачи на индонезиската морнарица почнаа со операција за подигање од морското дно на дел од опашката на авионот на „Ер Азија, што се урна во Јаванското Море на 28 декември, при што се очекува да бидат откриени и „црните кутии“ на авионот.

Спасувачките екипи треба да врзат со јажиња делови од трупот на авионот. Во зависност од временските услови тие може веднаш да бидат извадени на бродот или да бидат однесени на побезбедно место.

Претходно нуркачите извадија од опашката на авионот шишиња со вода и маски за кислород, но се уште не можат да откријат дали се наоѓаат таму и црните кутии.