Почна последната фаза од изборите во Индија

Во Индија денеска стартуваше последната фаза од гласањето за парламентарните избори кои почнаа на 7 април. Очекувањата од овие парламентарни избори се партијата на Соња Ганди да доживее пораз по десетгодишно владеење, пренесува „Бета“.

Изборите се одржуваат во три индиски држави, каде што своето право на глас треба да го остварат повеќе од 66 милиони жители.

На 930 илјади избирачки места, право на глас имаат 814 милиони жители,  што е зголемување од 100 милиони од претходните избори во 2009 година.

Првите резултати од изборите ќе бидат објавени в петок. Изборната трка ја преводат владеачката Конгресна партија на Соња Ганди и опозицистичката Индиска народна партија.

Премиерот на Владата, Манмохан Синг, во моментов се справува со обвинувањата за корупција по сомнителното продавање на дозволата за мобилната телефонија, како и за организирање на меѓународен спортски натпревар во 2010 година кое чинело 40 милиони долари.

Фаворит на парламентарните избори е опозициската Индиска народна партија, иако е вмешана во повеќемилионско подмитување за издавање на рударски дозволи на југот на Индија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.