Почна предизборната кампања за парламентарните избори во Косово

На Косово денеска почнува предизборната кампања за вонредните парламентарни избори, што ќе се одржат на 8 јуни.

На изборите ќе учествуваат 30 политички субјекти, меѓу кои пет српски. Кампањата завршува на 6 јуни. Кандидатот за пратеник на „Српската листа“, Слободан Петровиќ рече дека бројот на гласови потребни за осовојување пратеничко место во косовскиот Парламент зависи од излезноста, но дека може да се очекува дека ќе бидат потребни над 35.000 до 40.000 гласови за надминување на цензусот.

Изборите на Косово ќе ги следат 3.000 набљудувачи.