Почна претседателската кампањата на Хилари Клинтон

Државниот секретар Хилари Клинтон ја започна својата кампања за претседателските избори  со посетата на градчето Монтичело во сојузната држава Ајова. Таа во Монтичело го посети локалниот колеџ и на дискусијата со тамошните студенти и професори остро го критикуваше сегашниот даночен систем.

На првиот ден од кампањата  посочи дека не е во ред кога менџерите  на финасиските фондови  плаќаат  помал данок од медицинските сестри.  Хилари ја истакна и својата и загриженост поради фактот што раководителите заработуваат 300 пати повеќе од обичните работници и изрази разбирање за студентите кои се пожалиле на високите трошоци на образованието.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.