понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 13

Се проширува дел од булеварот АСНОМ

На проширување и реконструкција на булеварот АСНОМ, на потегот од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи во Лисиче ќе работат градежниците на ДГ „Бетон“ АД Скопје.

Се проширува дел од булеварот АСНОМ

Се проширува дел од булеварот АСНОМ

Последни вести

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски и претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камиловски, денеска присуствуваа на почетокот на градежните работи на првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот „АСНОМ“.

– Со овој проект ќе се прошират и реконструираат 430 метри од булеварот АСНОМ, на потег од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи на улицата Тодор Чангов, во Лисиче. Со проширувањето, булеварот АСНОМ на оваа делница ќе добие 4 (четири) сообраќајни ленти (по две ленти во секоја насока) широки по 3,5 метри. Ќе се изведе и средишна жардиниера со променлива ширина од 2 до 5 метри, како и тротоари, велосипедска патека и разделно зеленило. Значајно е што во текот на градежните работи ќе се формира нова раскрсница на вкрстувањето на булеварот АСНОМ со булеварот Февруарски поход, а ќе се уредат и две нови автобуски стојалишта. Проширувањето на булеварот АСНОМ ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација со должина од 221 метар и со профил на цевките од 500 милиметри. За осветлување на новопроширената сообраќајница ќе се постават 28 столба за улично осветлување, високи по 10 метри, кажа градоначалникот Трајановски.

Pocetok gradezni raboti ASNOM 1 faza (4)

Градоначалникот Коневски изјави дека со проширувањето, булеварот АСНОМ ќе претставува вистински сервис за жителите на новите згради што се градат во негова близина, ќе го олесни одвивањето на сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се овозможи забрзан развој на општината Аеродром.

На проширување и реконструкција на булеварот АСНОМ, на потегот од објектот на Фудбалската федерација на Македонија (Куќата на фудбалот) до првите куќи во Лисиче, ќе работат градежниците на ДГ „Бетон“ АД Скопје.

Во овој значаен зафат Градот Скопје ќе вложи околу 31,8 милиони денари, додека рокот на изведба е 150 календарски дена.

 

 

Најчитани вести