Почна протестот на средношколците пред МОН

Средношколци и нивните родители ја блокираа улицата пред Министерството за образование и наука.

Тие своите униформи ги оставија пред зградата на Министертвото како реакција на односот на Министерството кон нивните барања.

Средношколците бараат уште една средба со Министерството, како и враќање на стариот концепт на матура и мирување на екстерното тестирање.

Протестот, како што е најавено, ќе трае до 18.30 часот.