Почна снимањето на филмот „Безимени“

Играниот филм „Безимени“ на сценаристот и режисер Вардан Тозија во продукција на Дрим Фектори, почна да се снима во Скопје.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија, а партнер и помагател во реализацијата и снимањето е Град Скопје.

„Безимени“ е филм за група проблематични млади од маргинализирани средини, потиснати преку неправди до самиот раб на општеството, кои го одбираат својот пат за опстанок преку единствениот начин што го познаваат бескомпромисна улична борба до последен здив.

Главната улога ја толкува 16-годишниот Мартин Ѓоргоски, заедно со актерите Дениз Абдула и Никола Ристановски.

Филмот ќе се снима во Скопје, а авторската екипа ја сочинуваат директорот на фотографија Владимир Самоиловски, сценографијата во филмот ја креираат Kирил Спасески и Наташа Димитриевска, Костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Горан Игњатовски, а снимател на звукот е Игор Поповски. Продуцент на филмот е Огнен Антов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.