Почна снимањето на новиот филм за Стив Џобс

Студиото „Јуниверзал Пикчрс“ објави дека почнало снимањето на нов филм за Стив Џобс, која е втора екранизација на животот на еден од најголемите имиња во светот на своремената технологија.

Првиот филм за животот на Стив Џобс „Џобс“, каде главната улога ја играше Ештон Качер, е снимен во 2013 година, но не го постигна очекуваниот успех.

Новата биографска драма за Џобс ќе биде наречена едноставно „Стив Џобс“, а режисер е Дени Бојлe, кој го режираше „Сиромавиот милионер“ од 2008 година.

Филмот делумно ќе се одвива во бекстејџот на дигиталната револуција во чие средиште беше Џобс, но фокусот сепак ќе биде неговиот интимен портрет, како иноватор и визионер.

Сценариото според авторизираната биографија на Стив Џобс кој ја напиша Валтер Исаксон, го потпиша Арон Соркин („Социјална мрежа“). Џобс ќе го глуми Мајкл Фасбендер („X-Men: Days of Future Past“, „Prometheus“) додека Вознијак ќе го игра Сет Роџен („The Interview“, „Neighbors“).

Вработените во „Епл“ во времето на основањето на компанијата ќе играат Мајкл Сталбарг (како Енди Херцфилд), Џеф Даниелс (како извршниот директор на „Епл“, Џон Скали) и Адам  Шапиро (како Ави Теванијан).

Кејт Винслет ќе ја глуми поранешниот шеф на маркетинг на „Мекинтош“, Сара Снук – Пи-Ар и маркетинг експертот Андреа Канингем, додека поранешната девојка на Џобс, Крисан Бренан ќе ја игра Кетрин Еатерстон. Перла Хани-Џардин, Рипли Собо и Мекензи Мос ќе ја глумат ќерката на Џобс, Лиза во различните периоди од животот.