Македонија

Почна третата лидерска средба

Почна третата лидерска средба

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна третата средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи, во нов обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјата.

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Попоски, Заев од Радмила Шекеринска, Ахмети од Артан Груби, а Тачи од Луан Треси.

И на денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав. Состанокот пред една недела заврши без конкретен договор.

На средбата беше заклучено дека за да напредуваат преговорите треба да се утврдат принципи за преговарање, да се обезбеди рамноправност на сите страни и гаранции дека тоа што ќе се договори навистина ќе се почитува.

Во меѓувреме во Стразбур се одржа и средба на Груевски и на Заев со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл, Едуард Кукан и еврокомесаорот Јоханес Хан. Искрена дискусија и продолжување на средбите, стоеше во кусото соопштение по 10-часовните маратонски разговори меѓу делегациите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Во изјава за Словенечкото радио европскиот известувач за Македонија Иво Вајгл изјави дека бил потпишан нон пејпер за натамошни разговори.