Почна уривањето на куќите во кумановското Диво насеље

Почна рушењето на куќите во кумановската населба „Тоде Мендол“, кое се спроведува согласно акцискиот план на Владата за санација на оштетените куќи од 9 и 10 мај во акцијата за разбивање на вооружената терористичка група. Акцискиот план предвидува рушење на куќите и изнесување на градежниот шут, објави МИА.

– Согласно планот на терен се неколку машини, четири за рушење на куќите, додека за изнесување на шутот ангажирани се шест камиони. Од утрово на терен се машините за уривање на куќите, а граѓаните од оваа населба и од засегнатото подрачје очекуваат дека ќе бидат урнати 16 куќи. Собраниот шут се изнесува и се складира на депонијата „Краста“согласно акциониот план, потврди директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово, Сашо Петрушевски.

Денеска до 12 часот беа урнати четири куќи лоцирани на улиците „Перо Илиевски“ и на „Рушит Шаќир“.

Според акциониот план кој Владата го донесе непосредно по завршување на акцијата, меѓу другото беше предвидена и санација и расчистување на локацијата каде што се одвиваше акцијата, што подразбира и изнесување на градежниот шут за што се ангажирани машини од државните институции, односно од Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходната недела започна целосната обнова на канализациската и водоводната мрежа на оваа улица. Граѓаните од населбата информираат дека наскоро очекуваат да ги добијат и средствата за штетите за кои Владата предвиде обештетување во висина од 100 отсто од проценетата штета на терен. Изразија благодарност за досегашната помош, првичната од Владата во износ од 100.000 денари, помош од општината, од невладините организации и граѓаните

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.