Почна волшебно доживување за граѓаните на Скопје

Со настапот на хорот Злата Мегленска, вчеравечер и официјално започна незаборавната новогодишна авантура во парк „Жена -борец, на која присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, господинот Коце Трајановски, а ќе трае до 31 декември.

Новогодишната авантура продолжува и денеска, со настапите на Чил Плеј и дј Снежана, Театарот за деца и младинци, Хорот Златно Славејче, како и хорот при МКЦ.

Програмскиот дел е со почеток од 16:30 до 19:30 часот, а во културно-забавната програма ќе учествуваат: Театарот за деца и младинци, Лабаво- Лабаво, ди-џеј Снежана, ди-џеј Никс, Марлон Брандо, The Sound Messengers, ди-џеј Брут, Чил Плеј, Лаура Крлиу, ди-џеј Аријан.

Pocna Volsebna nova godina 2015 (3)

Распеаната елка е специјално конструирана и украсена за настап на: Хорот на Злата Мегленска, Хорот на Златно Славејче, хорот Поточиња, хорот Про Арт, хорот при МКЦ и хорот Серенада.

Во сабота на 27 декември за најмалите ќе се одржи и дневна детска програма со почеток од 12 часот.

Pocna Volsebna nova godina 2015 (2)

Новогодишниот маркет, кој исто така беше отворен вчера, ќе трае до 30 декември со работно време од 11 до 22 часот. Како дел од Новогодишниот маркет се поставени 11 дрвени куќички наменети за промоција и продажба. Свое учество во Новогодишниот маркет ќе земат:
• Пастел, пекарница и слаткарница, каде што ќе пробате новогодишни колачи и бомбони, пити и пици и да ја почувствувате магијата на добрата кујна.
• Винарија Стоби, каде што ќе може да се напиете греено вино.
• Во куќарката Julius Meinl ќе има топли напитоци, а 7 days и Chips Way ќе Ви подготват слатки и солени изненадувања.
• Чоко Авиејтерс е чоколадната куќарка каде што ќе има рачно изработена чоколада, а германски колбаси ќе можете да пробате во куќарката на LL Catering.