Почна втората лидерска средба во Клубот на пратениците

Попладнево почна втората средба на лидерите на четирите најголеми партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.

Како и на првата средба во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се присутни амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.

Премиерот Груевски и денеска е придржуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, Зоран Заев од Рената Дескоска Треневска, Али Ахмети од Артан Груби, а Мендух Тачи од Луан Треси.

Средбата се одржува Во Клубот на пратениците зад затворена врата и без можност за фотографирање.

По завршувањето на првата лидерска средба учесниците изјавија дека бил направен обид да се креира рамка за разговори за излез од политичката криза во земјата.

Утре, пак, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и на СДСМ Заев треба да имаат средба во Стразбур во Европскиот парламент.

фото: МИА