Почна второто полугодие за учениците во Штип – Штрајкуваат само 7 образовци од над 500 наставници и професори

6532 ученика, од кои 4045 во основното и 2487 во средното образование денес се вратија во образовните клупи во Штип. Практично од денес започна второт полугодие а и покрај најавениот штрајк на СОНК, во Штип наставата се одвива без проблем и истата во првата смена тече без застој во сите основни и средни училишта, пренесува „1.м“.

Штрајкуваат само 7 лица, од кои 6 професори од едно средно училиште и еден во едно основно училиште. Во овој колектив, денес 94 наставници с ена рбаота а само еден штрајкува, во случајов, единствениот штрајкувач е претседателот на СОНК. Тоа значи дека од вкупно над 500 наставници и професори во основното и средното образование само седуммина го поддржаа штрајкот на СОНК. За да не трпи наставата, за овие штрајкувачи ќе биде обезбедена времена замена.

Како што беше сооштено минатата недела, поголем дел од професорите а членови на СОНК не го поддржаа штрајкот со образложение дека улицата не е место за решавање на проблеми и дека треба да се преговара, бидејќи како што соопштија, ги поддржуваат барањата но не и начинот на кој се врши притисок, бидејќи сметаат дека мора да се најде компромис, додава „1.мк“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.