Почнаа да го будат Шумахер

Лекарите во болницата во Гренобел почнаа да го будат од кома седумкратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер.

“Мозокот на пациентот реагира добро на терапијата. Сега треба да го почнеме процесот на целосно испитување на виталните функции на организмот, кој може да трае и неколку месеци“, исткна неурохирургот Жан Франсоа, кој претходно најави дека Шумахер ќе биде во кома колку што ќе биде потребно.

Германецот веќе еден месец е во кома, откако се повреди на скијање во Франција на 29 декември 2013 година.