Почнаа уписите за бесплатните курсеви во Општина Илинден

Општина Илинден почна со уписи за Бесплатните курсеви што Општината веќе 10-та година по ред ги организира во рамките на Културно Едукативниот Центар „Илинден“.

Учениците од четврто до деветто одделение од трите основни училишта „Гоце Делчев”, „Ристо Крле” и „Браќа Миладиновци” ќе можат да се пријавуваат за изучување на 17-ет Бесплатни курсеви по: странски јазици (англиски, италијански, германски, шпански и кинески јазик), уметност-сликарство, музика-гитара, фотографија, модерен балет, народно оро, народно пеење, драма, курс за креативно пишување, курс за менаџирање со конфликтни ситуации, јога, карате и годинава за прв пат Курс за копаничарство.

Во изминатите девет години Културно Едукативниот Центар „Илинден“ на учениците од Општина Илинден им издаде над 5.000 дипломи за завршени бесплатни курсеви.
Уписите континуирано ќе се вршат секоја сабота и тоа:
– Од 09:00 до 11:00 часот во ОУ „Гоце Делчев”;
– Од 11:00 до 13:00 часот во ОУ „Ристо Крле”;
– Од 13:00 до 15:00 часот во ОУ „Браќа Миладиновци”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.