Почнува да се гради ТИРЗ во Делчево

Во општина Делчево денеска ќе биде поставен камен-темелник на технолошко-индустриската развојна зона.

Со изградбата на оваа технолошко-индустриска развојна зона се очекува да се зголеми бројот на компании кои ќе инвестираат во овој регион и да се отворат нови работни места.