Магазин

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Вечерва почнува Филмскиот фестивал во Кан со филмот „Грејс од Монако“, на кој за Златната палма оваа година ќе се натпреваруваат 18 филмови на афирмирани режисери.

Фестивалот почнува со премиерата на остварувањето „Грејс од Монако“, долгоочекуваниот биографски филм за холивудската дива Грејс Кели, која се омажи за принцот Рене од Монако и загина во сообраќајна несреќа во 1982 година, а која ја игра Никол Кидман.

Во трката за Златката палма се 18 остварувања, меѓу кои и новите дела на легендарните режисери Жан Лик Годар, Мајк Ли, Кен Лоуч, Дејвид Кроненберг, браќата Дарден, а за најдобриот ќе одлучи жирито предводено од новозеландската режисерка Џејн Кампион.

Исто така ќе бидат одржани и две проекции на новите македонски филмови и на 20 мај ќе бидат прикажани „До балчак – Приказна од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Деца на сонцето“ на Антонио Митриќески.