Почнува конкурсот за дизајнери за изработка на дизајн за амбалажа за слатко

Сите млади дизајнери кои сакаат да работат на изработка на дизајн за слатката на „Јоми фуд“ од Велес, можат да се пријават на отворениот конкурс, што започнува од денеска 15. јули, а ќе трае сѐ до 1. септември 2014 година. Право на учество на конкурсот имаат сите лица до 28 години кои се државјани на Македонија.

Избраното креативно решение ќе биде наградено со парична награда од 200.000 денари, а средствата ги обезбедува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“.

Заинтересираните дизајнери ќе работат на изработка на амбалажата за слатката од асортиманот на „Јомифуд“, како и на ексклузивно пакување од три видови слатка и промотивенпостер за сите видови на слатко, кои ќе се продаваат на домашниот пазар. Компанијата произведува седум видови на слатко и тоа слатко од јагода, вишна, портокал, аронија, зелена смоква, малина и дива капина.

Конкурсот за млади дизајнери следи по изборот на компанија производител на слатка, по традиционална рецептура, без користење на додатоци и со употреба на суровина од домашно потекло. На овој конкурс беше избрана компанијата „Јоми фуд“ од Велес.

Конкурсот за пријавување е објавен на интернет страниците www.bravosine.mk и на www.sdw.mk. Сите апликации испратени на интернет адресата Ivo.laurencic@bravosine.mk до 1. септември 2014 годинаќе се сметаат за примени од моментот кога ќе им биде доделена шифра од страна на администраторот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.