Почнува Меѓународниот младински турнир во ракомет Скопје куп 2014

Меѓународниот младински турнир во ракомет СКОПЈЕ КУП 2014, кој од 13 до 19 август ќе се одржува во градот Скопје официјално ќе биде отворен вечерва во 20 часот, во Градскиот парк на плочникот кај Школка.

На турнирот ќе земат учество 15 екипи од Македонија, Србија и од Црна Гора, со ракометарки и ракометари родени 1998 година и помлади, коишто натпреварите ќе ги играат во спортската сала Расадник, во Кисела Вода и во спортската сала Ѓорче Петров, кај средното училиште „Кочо Рацин“.

Град Скопје е покровител на настанот и преку Програмата за спорт од Буџетот издвојува 100.000 денари, а Меѓународниот младински турнир во ракомет СКОПЈЕ КУП 2014 е во организација и реализација на РК Работнички во соработка со Ракометната федерација на Македонија.